Да се запознаеме :)

За Академија Алхена и Проф.Наталија

Како астролошки учител со години посветени на изучување и практикување на оваа древна уметност, мојата мисија е да те водам низ патот на самоспознание, мудрост и космичко разбирање. Астрологијата не е само знаење – таа е јазик на душата, клуч кон сопствената вистина и длабоко поврзување со универзумот.

Во моите предавања, секој студент се третира со внимание, почит и индивидуален пристап. Преку современи методи и лични примери, ќе научиш да го читаш ѕвезденото писмо, да препознаваш симболиката и да ја применуваш астрологијата во секојдневниот живот.

Доколку чувствуваш повик кон ѕвездите, подготвен/а си за трансформација. Добредојден/а си во простор каде што астрологијата оживува – заедно ќе го истражиме универзумот што го носиш во себе.

Погледни го видеото подолу за да се запознаеме!

Најдоброто од мене за вас

Мојата Едукација

Институт ,,Јоханес Кеплер''

Дипломиран Астролог - Магистрирана на Институтот за Астролошки Истражувања Јоханес Кеплер во Белград

Елена М.

Една од најдобрите професорки што сум ги запознала! Се грижеше многу за нас и нашето разбирање на лекциите. Многу темелно ги поминувавме темите и иако беше обемен материјалот секогаш беше тука за нас.

Среќни Клиенти и Студенти

РЕЦЕНЗИИ

Андреј Т.

Многу ми е мило што бев дел од Академијата и научив за многу ствари кај мене, а и за луѓето околу мене. Академијата е еден склоп на поново раѓање и сознавање за себеси.

Марија М.

Како страстен ученик моето искуство во академијата беше толку трансформативно и ми го отвори умот за нови работи. Од моментот кога ја запознав професорката која ме пречека ентузијастички па се до грижата за учењето на секој ученик.

Анета К.

Прекрасно искуство, многу добри совети и доста работи научив од сесиите за мене и околината околу мене. Ти благодарам Нате!

Лука В.

Сесиите навистина ми помогнаа да ја надминам мојата траума од минатото што ја држев под капак долго време. Сега се чувствувам посреќен и посигурен во мојот живот и се чувствувам како да се ослободив.

silhouette photo of mountain during night time

Имате Прашање?

Ако имате било какви прашањa кликнете го копчето подолу